17 јуни 1950, направена првата успешна трансплантација на бубрег
По неколку неуспешни обиди во текот на 30-тите години на минатиот век, во 1950 година во САД била извршена првата успешна трансплантација на бубрег.
Пациентка била 44-годишната Рут Такер која имала генетска полицистична болест на бубрезите во која во органите растат цисти поради кои не само што доаѓа го прекин во функционирањето на бубрезите, туку можат да се рашират и низ другите органи во телото.
Оперативниот зафат бил извршен од страна на хирургот д-р Ричард Лолер и неговиот тим при Little Company of Mary болницата во Евергрин Парк, мало гратче во сојузната држава Илиноис.
По 10 месеци трансплантираниот бубрег бил одбиен од пациентката бидејќи во тоа време не постоела имунолошка терапија, но и покрај тоа добиеното време му помогнало на другиот бубрег да се опорави по што Рут живеела уште 5 години.