18 септември 1851, излегол првиот број на The New York Times
Со цена од 1 цент на денешен ден во далечната 1851 година излегол во промет првиот број на познатиот њујоршки дневен весник The New York Times.
Брзо станал најголем локален весник во Њујорк и трет по големина во САД, по The Wall Street Journal и USA Today. Сепак, во текот на последниве неколку години тиражот на печатениот весник нагло опадна, заедно со останатите весници, на помалку од 1 милион примероци дневно за првпат по 80-тите години. Весникот има освоено 104 Пулицерови награди, најмногу од сите известувачки организации во светот.
Мотото на весникот, испечатено во горниот лев агол од насловната страница, гласи „All the News That's Fit to Print“ (Сите вести соодветни за печатење). Организиран е во неколку делови: вести, мислења, бизнис, уметност, наука, спорт, стил и фељтон. The New York Times го задржал форматот со 8 колони, иако поголемиот број весници го промениле на 6 колони и е еден од последните весници кои внеле фотографии во боја.