2 март 1776, Џорџ Вашингтон го нападнал Бостон
Генералот Џорџ Вашинтон ѝ наредил на американската артилерија да изврши бомбардирање на Бостон со што почнал падот на Британците кои биле приморани да го напуштат градот.
Нападот почнал северозападно од градот со 56 топови и 2 илјади војници. Британскиот генерал Вилијам Хау оценил дека не е возможно да го одбрани градот и пет дена подоцна избегал, а Американците целосно го освоиле Бостон на 17-ти истиот месец, со што завршила британската окупација.
Џорџ Вашингтон подоцна станал првиот претседател на САД.