2 септември 1930, прв непрекинат лет помеѓу Европа и САД
Француските пилоти Морис Белонт и Дјодоне Кост го извршиле првиот непрекинат лет со авион преку Атлантикот во 1930 година. Тргнале на 1 септември од Париз, а наредниот ден пристигнале во Њујорк.
Летале со авионот Breguet 19 Super Bidon наречен Point d'Interrogation од француско производство, најчесто користен како бомбардер, а познат по издржливоста за долги летови.
Проблем им се случил додека летале над Портсмут, Англија кога навигациската карта им летнала низ прозорец, а ја пронашле група деца. Подоцна им била вратена.