20 јули 1969, Нил Армстронг стапнал на Месечината
Во мисија со леталото Apollo 11, астронаутот Нил Армстронг станал првиот човек кој стапнал на небесно тело надвор од планетата Земја.
Apollo 11 било лансирано со Saturn V ракетата на 16 јули од космодоромот „Џон Ф. Кенеди“ на Флорида. Во него покрај Армстронг биле и Баз Олдрин и Мајкл Колинс. Во 10:56 часот Арстронг згазнал на Месечината велејќи:
„Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото“.
По 19 минути на површината му се придружил и Олдрин, додека Колинс останал во леталото. Вкупно на месечевата површина минале 6 часа и 39 минути шетајќи до 2:56 часот наредниот ден.