20 март 2003, САД и Обединетото Кралство го нападнале Ирак
Американските и британските сили ја почнале инвазијата на Ирак и покрај противењето на Франција, Русија, Кина и Германија, за само два часа по истекот на ултиматумот кој му го поставил претседателот Џорџ Буш на Садам Хусеин, со синовите и соработниците да ја напушти земјата.
Со резолуцијата 1441 на Советот за безбедност на ОН донесена во ноември 2002 од Ирак се барало повторно да ги прими инспекторите за оружје и да ги исполни барањата на сите други претходни резолуции. Иако Ирак го исполнил бараното, Џорџ Буш и Тони Блер прогласиле дека Ирак продолжува да ги спречува инспекциите на ОН и дека во земјата сè уште се наоѓале резерви на забрането оружје, по што на 20 март наредната година извршиле инвазија.
По серијата воздушни напади следувала копнена инвазија. Ирачките воени сили за кратко време биле поразени; на 9 април Американците го освоиле главниот град Багдад, а Британците ја комплетирале окупација на јужниот град Басра, на истиот ден. За неколку дена сите поголеми градови биле освоени и до 1 мај Ирак бил комплетно освоен.
Потоа се востановило дека Ирак немал оружје за масовно уништување, САД добиле договори за екплоатација на ирачката нафта и целосно се повлекле во декември 2011 година.