20 октомври 2011, либиските бунтовници го убиле Муамер Гадафи
Роден во бедуинско семејство во 1942 година, Гадафи владеел со Либија од 1969 година сѐ до неговото симнување од власт во 2011.
Либија на Гадафи била трн в око на Западниот свет. Иако драстично го подобрил животот на либискиот народ, не бил во добри односи со САД и Западна Европа, а сѐ уште е неразјаснето неговото учество во финасирањето на терористичките организации со парите од либиската нафта.
САД се обидувале да го тргнат Гадафи од власт уште од 80-тите години на минатиот век, но безуспешно. Конечно тоа им пошло од рака со народниот бунт во 2011, а и со интеревенција на НАТО.
Ранет, им паднал в рака на бунтовниците во градот Сирт, кои потоа и го измачувале. Не е јасно како умрел Гадафи, но најверојатно починал за време на измачувањето. Бил погребан на тајна локација, а новите власти забраниле да добие муслимански погреб.