2019: Годината на протести
Дефинитивно 2019 година ќе остане запаметена по протестите ширум светот, од Хонгконг до Боливија, од Франција до Либан.
Во Москва луѓето протестираа поради наместени избори, додека во Велика Британија луѓето протестираа против одлуката за напуштање на ЕУ. Во Србија, Украина, Албанија се одржаа поголеми демонстрации.
Сепаратистите влегоа во конфликт со полицијата во областа на Каталонија.
Според аналитичарите, 2019 година може да се спореди со 1848 година кога владејачката елита и монархиите во Европа се соочувале со турбуленции и протести.
Жолтите елеци во Франција ги наполнија улиците и ги блокираа патиштата. Протестите во Чиле и Еквадор се поради зголемената цена на горивата и превозот.
Аналитичарите сметаат дека 2019 година е година на протести за заеднички теми, како барање за поголема политичка слобода, лутина поради корупција и поради перцепцијата дека политичките системи се лажирани.