21 ноември 1898, роден е сликарот Рене Магрит
На денешен ден, 21 ноември, во 1898 година, роден е Рене Франсоа Гисле Магрит, надреалистички уметник, роден во Лесин, Белгија.
Сликите на Магрит постигнуваат високи цени на аукциите. Така, сликата „Надмоќноста на светлината“ (The dominion of light) била продадена за речиси 12,7 милиони долари на аукцијата одржана во „Кристи“, а потоа во 2014 година, аукциската куќа „Сотби“ успеала да постигне цена од 12,9 милиони долари за сликата „Прекрасен свет“ (Le beau monde). Во февруари 2017 година, „Кристи“ ја понудила за продажба сликата „Чувствителна струна“ (La corde sensible), очекувајќи цена од 14 милиони фунти (околу 17,5 милиони долари). Сликата потекнува од 1960 година, а на неа е прикажан планински пејзаж со кристална чаша за шампањ, во која се наоѓа пена од облаци. Сликарот ѝ ја подарил сликата на сопругата, а од 1990 година, таа се наоѓа во приватна збирка. Со големина од 114 на 146 сантиметри, таа е една од најголемите слики на Магрит.