НБА 2024/2025

21-от сезонски трипл-дабл на Јокиќ пиров за Денвер

Ноќеска во НБА лигата се одиграа 9 натпревари, а вниманието го украдоа Никола Јокиќ и Ивица Зубац.

Кошаркарите на Денвер Нагетс го забележаа вториот последователен пораз и покрај новата одлична партија на Никола Јокиќ. Денвер беше поразен кај Чикаго Булс со 129:121 и покрај тоа што Јокиќ забележа нов трипл-дабл, број 21 сезонава.

Јокиќ брилираше со 33 поени со феноменални 15/21 шут од поле, 12 скокови, 14 асистенции и, некарактеристично за него, имаше 5 забивања. Сепак, и тоа не беше доволно за триумф. Ова е шести трипл-дабл на Србинот во последните седум натпревари.

Главен виновник за тоа беше одличниот Никола Вучевиќ, кој брилираше на другата страна.

Иако сѐ почесто се споменува неговиот трејд во Феникс Санс за Босанецот Јусуф Нуркиќ, тоа не влијаеше на Вучевиќ, кој забележа 20 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Remote video URL

Кошаркарите на Феникс Санс на домашен терен го победија Лос Анџелес Клиперс со 111:109 и покрај феноменалниот настап на Хрватот Ивица Зубац.

Се играше изедначено од почетокот на натпреварот, а Феникс во втората четвртина направи забележителна разлика, па првото полувреме заврши со 60:47 за домашните.

До крајот на натпреварот Клиперс успеаја целосно да се вратат во игра, а во драматичното финале сепак немаа доволно сили за целосен пресврт.

Најдобар кај Феникс беше Девин Букер со 26 поени, додека Кевин Дурент додаде 24.

На другата страна, брилираше Зубац. На теренот мина 34 минути и за тоа време оствари брутален дабл-дабл учинок од 25 поени и 16 скокови. Воедно, тоа е сезонски рекорд на Зубац по бројот на постигнати поени. Додаде и 4 асистенции. Сепак, помош имаше само од Џејмс Харден, кој постигна 24 поени со 10 асистенции.

Remote video URL

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Лос Анџелес Лејкерс 97:102
Кливленд Кавалирс - Детроит Пистонс 110:91
Мајами Хит - Орландо Меџик 125:119 прод.
Бруклин Нетс - Сакраменто Кингс 96:110
Бостон Селтикс - Хјустон Рокитс 112:114
Њујорк Никс - Мемфис Гризлис 143:106
Торонто Репторс - Њу Орлеанс Пеликанс 113:104
Минесота Тимбервулвс - Атланта Хокс 100:92
Далас Маверикс - Вашингтон Визардс 130:108

Табела:

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Кошарка

Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

Read more

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските кошаркари, тренери и судии

Read more

Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство

Read more

Дончиќ како туристички водич: Играчите на Лејкерс ќе ја посетат Словенија

Read more

Спорт

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Инцидент во Англија: Навивач му удри шлаканица на играч

Читај повеќе

Дали Ферари реши стар проблем: Која е тајната за успехот во Монца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Читај повеќе