22 јануари 2008, почина Хит Леџер
На денешен ден, пред 17 години почина австралискиот актер Хит Леџер, на 28-годишна возраст.
Почина од труење со токсична комбинација од лекови, а беше пронајден во несвесна состојба во изнајмениот стан во Менхетн, САД. Токсиколошката анализа и аутопсијата покажале дека смртта настапила како несреќен случај, како резултат од злоупотреба на лекови наменети за несоница, анксиозност, депресија и болки. Неколку месеци пред смртта го заврши снимањето на „The Dark Night“ и неговата улога на негативецот Џокер, со која посмртно се прослави. Претходно ги освои фановите со улогата во романтичната комедија „10 Things I Hate About You“ од 1999 година.
Негов единствен наследник е ќерката Матилда Роуз, родена во октомври 2007 година од врската со актерката Мишел Вилијамс. Семејството на актерот се согласило богатството од актерската кариера на Леџер да ѝ припадне само на неа.
Телото на актерот семејството го пренесе во Перт, Австралија каде е погребан до неговите баба и дедо.