22 ноември 1963, Џон Ф. Кенеди бил убиен во атентат
На денешен ден во 1963 година, во Далас, Тексас, бил извршен атентат врз претседателот на САД, Џон Фицџералд Кенеди. Бил убиен од марксистот Ли Харви Освалд во 12:30 часот додека во отворен автомобил минувал низ градот.
Освалд со два куршума го погодил Кенеди, и тоа едниот во грб кој потоа излегол низ грлото, а вториот во главата. Кенеди веднаш бил пренесен во болница каде по 30 минути бил прогласен за мртов.
Во Втората светска војна Кенеди служел во морнарица на Пацифик, а во 1952 година станал сенатор. За претседател на САД бил избран во 1960, а бил инаугуриран на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Бил најмлад претседател во историјата на САД, а 35-ти по ред.
Роден бил во Бостон на 29 мај 1917 година.