24 јануари 41, убиен бил злогласниот император Калигула
На денешен ден во далечната 41 година од новата ера бил извршен атентат врз третиот римски импетарот, Гај Цезар Август Германик, попознат како Калигула.
Кратко време бил на чело на Рим, само четири години, но и за тоа време направил доволно за историјата да го запомни, по лошо. Бил познат по својата екстравагантност, ексцентричност и голем деспотизам, а го нарекувале Лудиот поради глупостите кои ги правел, бескомпромисните решенија и сексуалниот садизам. Можеби најпознат е по тоа што се обидел својот коњ Инцитатус да го направи конзул и свештеник.
Толку лошо се однесувал со сите, што на крајот дури и негово обезбедување се свртело против него. Калигула бил убиен во заговор од страна на офицерите на Преторијанската гарда, сенатори и дворјани. Историските записи посочуваат дека неговото убиство наликувало на она на Гај Јулиј Цезар, бидејќи го избоделе триесетина пати.
На престолот го наследил неговиот вујко, Клавдиј.