24 ноември 1859, Дарвин го објавил бестселерот „On the Origin of Species“
На денешен ден во средината на 19 век Чарлс Дарвин ја објавил својата книга „On the Origin of Species“ (За потеклото на видовите) со која направил револуција во сфаќањето за еволуцијата.
Всушност, книгата имала премногу долг наслов и тоа „The Origin of Species by Means of Natural Selection, or The Preservation of Favored Races in the Struggle for Life“, но позната е по краткото име „On the Origin of Species“ (За потеклото на видовите).
Уште на првиот ден од објавувањето на книгата биле продадени сите 1.250 копии.
Информациите за поткрепување на својата теорија ги собрал од неговите истражувања пловејќи со бродот „HMS Beagle“. Тргнал од Англија и преку островите Зелен 'Рт пристигнал во Бразил од каде потоа ја заобиколил Јужна Америка сѐ до островите Галапагос. Оттаму преку Тихиот Океан дошол во Нов Зеланд и Австралија од каде преку Кокосовите Острови и Маврициус во Индиски Океан преку Јужна Африка повторно пристигнал во Бразил, по што се упатил назад во Англија.