На денешен ден

25 јануари 1981, роден е Тоше Проески

На денешен ден, пред 39 години е роден Тоше Проески, најпознатата македонска музичка ѕвезда. Тој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во Хрватска, на 16 октомври 2007 година.

Тоше е роден во Прилеп во 1981 година. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).

Тој бил претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освоил 14-то место. Во 2004 година, Проески бил именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“.

Ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓале на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце не е камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршувал студиите на Музичката академија во Скопје и работел на музичката кариера во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно, Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име.

реклама

МК сцена

Песната „Сакам да живеам“ од Нокаут победничка на 35. „Макфест“

Read more

„Параноја“ е новата песна на култните „Санаториум“

Read more

„Уживања“ со прилепчаните The Dreamers

Read more

„Дај замижи“ – прва авторска песна на кавадарчаните 4U Band

Read more

Сцена

  • play_arrow

Netflix го објави морничавиот трејлер за филмот „Cadaver“

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови авантури на праисториското семејство во трејлерот за „The Croods: A New Age“

Читај повеќе

Што ќе гледаме вечерва на Синедејс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Седумгодишната Лена напиша искрена критика за „Стела“

Читај повеќе

Публиката одлучи: Кој е најомилениот лик од ТВ-серии?

Читај повеќе

„Врба“ на Манчевски во трка за Европски оскар

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за новиот филм „Love and Monsters“ со Дилан О’Брајан

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмудрите зборови на Милан Младеновиќ што важат и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе