26 февруари 1935, Роберт Вотсон го открил радарот
Шкотскиот физичар Роберт Вотсон успешно извел експеримент со кој докажал дека неговиот изум на база на радиобранови може да детектира авиони кои се во воздухот.
Радиобрановите кои ги емитувал се одбивале од авионите, се враќале назад и така покажувале каде се наоѓал авионот. Овој принцип се користи и ден денес. Зборот радар доаѓа од RADAR кој е акроним на Radio Detection And Ranging.
Роберт Вотсон е роден на 13 април 1892 година во гратчето Брихин. Во 1942 година на своето презиме го додал Ват, станувајќи Вотсон-Ват во чест на Џејмс Ват чиј потомок бил. Починал на 5 декември 1973 година.