27 август 1955, првпат излегла „Гинисовата книга на рекорди“
Со 198 страници испишани со разно-разни обични и необични рекорди, книгата „The Guinness Book of Records“ излегна низ книжарниците во Обединетото Кралство и веднаш се стекнала со голема популарност.
Идејата била на Сер Хју Бивер, директор на познатата ирска пивара „Guinness“. На 10 ноември 1951 година бил на лов со пријатели во Ирска, каде почнале расправија која е најбрзата птица во Европа и дошле до заклучок дека е невозможно да одредат, а Бивер потоа сфатил дека сигурно постојат уште безброј такви прашања за кои не постои книга која би ги содржела сите одговори.
Заедно со близнаците Норис и Рос МекВиртер, во август 1954 година создале книга нарекувајќи ја „The Guinness Book of Records“, која наредната година на денешен ден излегла од печат низ целото Обединето Кралство.
Денес е позната како „Guinness World Records“ и е достапна на 35 различни јазици, за жал не и на македонски.