27 јуни 1940, нацистите почнале да ја употребуваат машината Енигма
На денешен ден за време на Втората светска војна силите на Вермахтот ја пуштиле во работа новата радио-комуникациска направа, најсофистицирана во тоа време машина на шифрирани пораки.
Машината наречена Енигна проработела во окупираниот дел на Франција каде Германците успешно пратиле шифрирана порака од радио-станиците во Брест и Шербур до германските бомбардери со насоки за борбардирањето на Британија.
Енигма е изум од 1919 година на холандскиот пронаоѓач Хуго Кох со цел да се употребува во бизнисот. Подоцна била надградувана од нацистите пред да ја добијат конечната верзија за која сметале дека не може да биде пробиена.
Британците подоцна сепак успеале да ги дешифрираат германските пораки.