28 февруари 1525, Кортес го обесил последниот ацтечки крал, Куаутемок
Последниот владетел на некогаш големата империја на Ацтеките, Куаутемок, по долго мачење бил обесен од страна на шпанскиот освојувач Ернан Кортес.
„Го бранеше твојот главен град како храбар воин. Шпанец знае како да почитува вредност, дури и кај непријател“, му рекол Кортес на Куаутемок кога го заробил откако овој побарал да биде егзекутиран со својот сопствен нож.
Меѓутоа, четири години подоцна, на 27 февруари Кортес лажно ги обвинил Куаутемок, Коанакоч (владетел на Тешкоко), Тетлепанкецл (владетел на Тлакопан) дека коваат завера против него по што ги мачел и утредента ги обесил, а Коанакоч го поштедил во последен момент.
„Ох, Кортес. Сега ги разбирам твоите лажни ветувања и смртта која си ја имал планирано за мене. Ти ме убиваш неправедно. Нека Бог бара правда за тебе, како што ми беше мене одземена кога те примив во мојот град Мешико-Теночтитлан (денес Мексико)“, наводно биле последните зборови на Куаутемок.
На Кортес отсекогаш му се допаѓал Куаутемок и поради големо чувство на вина страдал од несоница, а при едно месечарење доживеал тешка повреда.