28 јануари 814, умрел Карло Велики, обединувачот на Европа
Шарл I, подоцна попознат како Карло Велики или Шарлемањ, бил крал на Франкија кој своите територии ги проширил во Германија и Италија и со тоа станал познат како човекот кој ја обединил Европа.
Ја прекроил картата на Стариот континент проширувајќи ја франкиската држава од Северното Море до Рим и од Атлантикот до Чешка. Папата Лав III во 800 година го крунисал за римски цар, чин со трајни последици за историјата на Европа.
Умрел во градот Ахен на 65, 66 или 71-годишна возраст бидејќи не се знае точната година на неговото гаѓање, ниту пак местото каде е роден. Закопан е во Ахенската катедрала која била изградена токму по негова наредба.