29 јули 1890, се самоубил Винсент ван Гог
На денешен ден извршил самоубиство големиот холандски сликар, Винсент ван Гог (правилниот холандски изговор е Винцент ван Хох).
Роден на 30 март 1853 година во Зундерт, Ван Гог додека бил жив не бил многу ценет, но неговата слава пораснала по неговата смрт. Неговите дела имале големо влијание врз уметноста во XX век, поради живите бои и отсликувањето на чувствата. Денес многу од неговите дела, вклучувајќи ги и многубројните автопортрети, пејзажи, портрети и сончогледи, се меѓу најпрепознатливите и најскапите уметнички дела.
Боледувал од анксиозност и имал чести напади на ментална болест, па на 37-годишна возраст си го одземал животот. Заминал в поле и се застрелал во градите, но го преживеал истрелот по што по два дена починал.