29 октомври 1944, излегол првиот број на весникот Нова Македонија
Во велешкото село Горно Врановци на денешен ден пред 79 години излегол првиот број на весникот Нова Македонија на македонски јазик, тогаш орган на Народноослободителниот фронт на Македонија.
Вториот број излегол во ослободениот град Битола, а од третиот број весникот почнал да излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.