3 јули 1971, починал легендарниот Џим Морисон
На денешен ден, 3 јули, во 1971 година починал славниот рокер Џим Морисон.
Роден е како Џејмс Даглас Морисон, на 8 декември 1943 година, во Мелбурн, Флорида, а има ирско и шкотско потекло.
Морисон беше пејач, текстописец, писател и поет и фронтмен на групата The Doors. Важи за еден од најхаризматичните водачи во историјата на рок музиката, а и воопшто. За самата група кружи мислењето дека е една од највлијателните групи во поширока смисла, не само од музички аспект. Морисон е автор на неколку книги со поезија, документарни и кратки филмови и на музичките спотови за песните „The Unknown Soldier“ и „People are Strange“. Смрта на Морисон на 27-годишна возраст во Париз ги запрепастила неговите обожаватели ширум светот. Начинот на кој настанала смртта и тајниот погреб се предмет на разни шпекулации и заземаат голем удел во целата мистичност што и до ден-денес се поврзува со неговото име.