3 јули 1988, американски брод по грешка соборил ирански патнички авион
Во Персискиот Залив, американскиот крузер „Vincennes“ по грешка соборил ирански патнички авион мислејќи дека е непријателски воен авион кој се подготвува за напад. Загинале сите 290 луѓе во авионот.
Минути пред трагичниот настан, крузерот бркал ирански воени бротчиња кои претходно нападнале американски хеликоптер. Американците биле во Заливот во одбрана на кувајтските танкери за време на војната помеѓу Иран и Ирак.
Иран нападот го нарекол „варварски чин“, а иако на почеток Американците инсистирале дека се работи за случајна грешка, потоа ја признале вината и се извиниле. За соборувањето на авионот бил обвинет неискусниот екипаж на крузерот, а САД во 1996 година им исплатила 62 милиона долара отштета на фамилиите на загинатите.
Летот 655 на Iran Air бил авион Airbus A300 кој летал од Техеран кон Дубаи.