3 работи што треба да ги исклучите од исхраната за да го намалите ризикот од рак

Превенцијата од Алцхајмерова болест, рак и други болести поврзани со стареењето е сè поважна во светот на здравјето и благосостојбата.

Истражувањата сè повеќе покажуваат дека животните навики, вклучително и исхраната, играат клучна улога во намалувањето на ризикот од овие состојби.

Една од причините за овие здравствени проблеми се скриените шеќери присутни во многу преработени намирници, од сосови до енергетски барови.

Прекумерниот внес на шеќер може да доведе до хронично воспаление, отпорност на инсулин и оксидативен стрес, кои се поврзани со развојот на Алцхајмерова болест, зголемен ризик од рак и болести поврзани со возраста.

Според лекарите, ова се три неочекувани намирници на кои треба да внимавате поради нивните скриени шеќери.

Кечап и BBQ сосови

Овие навидум безопасни сосови се всушност полни со шеќер.

„Иако овие сосови изгледаат невино, тие често содржат сируп од пченка со висока фруктоза или додадени шеќери. Со текот на времето, овие шеќери се акумулираат и доведуваат до воспаление што го забрзува процесот на стареење и го зголемува ризикот од рак“, објаснува д-р Мајкл Лахи за SheFinds. Тој препорачува сосот да се подготви дома со свежи состојки.

Јогурт со вкус

Можеби јогуртот изгледа како здрав избор за појадок, но многу овошни јогурти купени во продавница содржат многу шеќер.

„Забележав дека некои брендови содржат 250-300 калории и 25-30 грама шеќер по порција, што е еквивалент на чоколадо. Повеќето од овие шеќери предизвикуваат хронично воспаление, вклучително и воспаление на мозокот, што го забрзува процесот на стареење на мозокот“, предупредува диететичарката и нутриционистка д-р Риа Хоул. Наместо тоа, таа препорачува обичен грчки јогурт со малку мед и бобинки за сладок вкус.

Гранола барови

Иако гранола баровите се рекламираат како здрави, тие често се полни со шеќер и други несакани состојки.

„Гранола баровите обично содржат повеќе видови шеќер и преработени состојки кои обезбедуваат мала хранлива вредност. Долготрајниот висок внес на шеќер предизвикува воспаление и негативно влијае на протеинот BDNF, важен за меморијата и учењето. Ниските нивоа на BDNF се поврзани со Алцхајмерова болест и други невродегенеративни заболувања“, посочува доктор д-р Римас Гејга.

Тој додава дека воспалението предизвикано од исхраната богата со шеќер „создава услови за раст на клетките на ракот“. Тој препорачува домашни барови со овесна каша, јаткасти плодови и минимум природни засладувачи, како што се урми и мед.

реклама

Здравје

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Read more

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Read more

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Read more

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Читај повеќе

Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

Читај повеќе

Седум знаци дека имате недостаток на цинк

Читај повеќе

Кардиолог препорачува два суплемента за подобро срцево здравје

Читај повеќе

И во зима може да дехидрираме: Кои се симптомите?

Читај повеќе

5 намирници кои може да ги намалат знаците на стареење

Читај повеќе

Кои се најдобрите извори на протеини според диететичарите?

Читај повеќе

Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе