3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Високиот холестерол обично не предизвикува никакви симптоми, поради што го нарекуваат тивок убиец, но некои скриени знаци може да се појават на три дела од телото.

Високиот холестерол значи дека има премногу масти во крвта. Иако ова можеби на почетокот нема да предизвика никакви проблеми, со текот на времето може да го зголеми ризикот од голем број сериозни здравствени проблеми. Имено, акумулацијата на холестерол во артериите на крајот може да доведе до затнување и да го спречи истекувањето на крвта, што понекогаш предизвикува срцеви и мозочни удари.

Иако високиот холестерол може да се утврди само со тестови на крвта, во некои случаи симптомите на висок холестерол може да се забележат во одредени делови од телото.

Лицето

На лицето може да се појават два знаци на висок холестерол: ксантелазма, жолти акумулации во внатрешниот агол на окото, кои се показател за други состојби, како што се дијабетес, висок крвен притисок, дебелина и ефекти од пушењето и бел прстен на рожницата на окото.

Рацете

Рацете исто така може да бидат погодени од ксантелазма. На овој дел од телото се појавуваат во форма на грутки на зглобовите, а можат да бидат мазни и со нормална боја на кожа.

Нозете

Високиот холестерол може да доведе до состојба наречена периферна артериска болест (PAB). Оваа состојба се манифестира со болки во нозете, губење на косата, вкочанетост или слабост, чиреви кои не зараснуваат, промена на бојата на кожата на нозете и губење на мускулната маса на нозете.

Ако забележите некој од овие знаци, треба да закажете состанок со вашиот општ лекар. За намалување на холестеролот се препорачува да се намали внесот на масна храна, да се јаде здрава храна, да се вежба, да се престане со пушење и да се намали внесот на алкохол.

Тагови
реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Метеорит најден во Африка менува сè што знаеме за Месечината

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Здравје

Дали треба да јадете овошје и сирење заедно?

Read more

Опасна бактерија се шири во европските мориња поради зголемувањето на температурите

Read more

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Read more

Дали треба да го лупите зеленчукот?

Read more
 

Магазин

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Читај повеќе
  • filter

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Читај повеќе

Дали треба да јадете овошје и сирење заедно?

Читај повеќе

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Читај повеќе

Како талогот од кафе може да ви ја спаси градината?

Читај повеќе

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Читај повеќе

Опасна бактерија се шири во европските мориња поради зголемувањето на температурите

Читај повеќе

Докторка укажува на 6 симптоми дека ви недостига железо

Читај повеќе

Зошто се враќаме здебелени од летен одмор?

Читај повеќе