30 јули 2003, Volkswagen ја произвел последната Буба
По 65 години во производство, на денешен ден престанал да се произведува легендарниот германски автомобил.
Лансиран по инцијатива на Адолф Хитлер поради потребата за народна кола, автомобилот оригинално наречен VW Typ 1 прв пат излезе од производство во 1938 година и потоа го освои светот. Всушност, самиот Хитлер го дизајнирал прототипот.
Ниската цена, едноставноста и масовното производство направија автомобилот на Хитлер да стане популарен низ целиот свет и покрај одбивноста кон нацистите. Во Германија го добил надимакот Käfer, односно „бубачка“. Во англискиот свет е познат како Volkswagen Beetle, а кај нас едноставно Буба.
Последната Буба се симна од производствената лента во Мексико и тоа под број 21.529.464, колку што за 65 години биле произведени во Германија и во други земји, со што завршила историјата на најдолго произведуваниот автомобил.