31 мај 1859, почнал да работи часовникот Биг Бен во Лондон
Познатата туристичка атракција во британската престолнина била изградена како дел од планот на Чарлс Бари за новата палата откако стариот дворец Вестминстер бил тешко оштетен од пожарот на 16 октомври 1834 година. Кулата на која се наоѓа часовникот ја дизајнирал архитектот Огастес Пјуџин.
Наречена Саат Кула, има височина од 96 метри, а во 2012 била преименувана во Кула Елизабета во чест на кралицата Елизабета II. Стрелките што ги отчукуваат часовите се долги 2,7 метри, додека оние за минутите се долги 4,3 метри. Под секој часовник на латински пишува DOMINE SALVAM FAC REGINAM NOSTRAM VICTORIAM PRIMAM што значи „Боже чувај ја нашата кралица Викторија I“. Канбанаријата има тежина од 13,5 тони. Часовникот работи со оригиналниот викторијански механизам, а инсталирана е и електроника која служи како бекап поддршка.
Биг Бен е само прекар за кулата.