Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука на цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која се намалува цената за 35 отсто.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас.
„Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со прертходната одлука одевме со повисоки цени бидејќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март ни даде основа да ја донесеме одлуката, со цел на сите овие потрошувачи, како што се училиштата, градинките и малите дуќани, кои немаа никаква субвенција, да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници“, рече Бислимоски.
Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена 35 отсто.
Кривична против полицаец за „загрозување на сигурноста“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице од Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеници поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР, а изречена е и мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, извести МВР.