Еротската драма „365 days“ продолжува да доминира на Netflix. Втора недела по ред овој еротски филм е најпопуларен на стриминг сервисот, и покрај негативните оцени и рецензии.
Филмот се гледа во толкава мера што веќе многумина го нарекоа полска верзија на приказната за милијардерот Кристијан Греј и Анастазија Стил, иако со експлицитните секс сцени е чекор понапред.
Филмот „365 Days“ е базиран според првиот роман на истоимената трилогија на Бланка Липињска и во кината во Полска е објавен на 7 февруари годинава. Netflix го откупи и го направи достапен на платформата кон средината на јуни, од кога почна да привлекува огромно внимание.
Дејството во филмот се одвива околу киднапирањето на млада жена од страна на сицилијанскиот мафијаш Масимо Торичели. Масимо опсесивно ќе се вљуби во Лаура и ќе направи сè за да го засака и таа него. Лаура ќе има 365 дена да се вљуби во Масимо. За тоа време тој ја опсипува со луксуз, пари, скапа облека, забави и сè што може да се купи со пари. Уште една приказна со доминантен богат маж и млада убавица која не може да му одолее.
Филмот наскоро ќе добие и продолжение.