5 декември 1945, пет воени авиони исчезнале над Бермудскиот триаголник
Најпознатата случка на исчезнување во Бермудскиот триаголник се случила на денешен ден пред 79 години кога пет американски воени авиони никогаш не се вратиле од својот тренинг лет.
Познати како Летот 19 (Flight 19), групата била составена од пет General Motors Eastern Aircraft Division TBM Avenger торпедо бомбардери на американската морнарица. Полетале од базата во Форт Лодердејл на Флорида со вкупно 14-член екипаж.
Два часа по полетувањето лидерот на ескадрилата, кој претходните 6 месеци летал во тој реон, пријавил дека му откажал компасот, како и резервниот компас и дека не знае каде се наоѓа. Останатите четири авиони пријавиле слични проблеми. По двочасносни збунувачки радио пораки, нејасна последна порака била примена во 18:20 часот во која лидерот веројатно им велел на останатите да се подготват за слетување во океанот бидејќи останале без гориво.
Во 19:27 часот била испратена спасувачка мисија со авионот Martin PBM Mariner кој броел 13 членови на екипажот. Спасувачкиот авион не само што не ги нашол, туку и тој никогаш не се вратил.
До ден денес не се пронајдени остатоци од авионите.