5 моќни датуми: Најсреќните денови во април

Хороскопот открива кои се петте најсреќни денови во април годинава. Ова се најповолните аспекти на планетите, еве какви добри работи ве очекуваат претстојниов месец.

Доаѓа април, најубавиот пролетен месец, а астролозите истакнуваат дека одредени датуми ќе бидат особено среќни за секој хороскопски знак. Тоа се денови кога среќата ќе нѐ придружува во сите области од животот.

Станува збор за следниве датуми:

4 април – ден на огледалото

Првиот среќен ден во април е денот кога владее моќна низа 4-4. На 4 април со светот ќе владее бројот 4, кој ја отелотворува хармонијата на четирите елементи, интегритет, спокој. Понеделник е, па ќе ни помогне правилно да ја започнеме новата недела. Држете се до вашите планови за овој ден, тие можат да се остварат.

5 април – Венера влегува во Риби

Веднаш по денот на огледалото ќе дојде уште еден поволен ден. На 5 април нè очекува многу позитивен и важен астролошки настан. Венера ќе влезе во својот омилен хороскопски знак Риби. Ќе ѝ биде многу удобно во тоа. Таму ќе остане до 1 мај. Во овој момент сите ќе можеме да си го подобриме здравјето, да ја зголемиме енергијата. Ќе имаме многу сила и мотив во љубовта и работата. Ќе бидеме на врвот, полни со ентузијазам.

11 април – Меркур влегува во Бик

Уште еден поволен транзит. Меркур е релативно пријатен во знакот Бик, но астролозите забележуваат дека има некои помали предизвици, најчесто околу патувањата. Од друга страна, луѓето конечно ќе станат поотворени. Градењето односи, запознавањето и преговарањето ќе стане малку полесно. Исто така, ќе биде корисно да направите скапи набавки за домот, да инвестирате во недвижен имот.

21 април – дожд од метеорите Лириди

Лиридите се вториот најважен и најинтензивен метеорски дожд во 2022 година. Ќе започне на 16 април, но ќе го достигне врвот околу 21 и 22. Секој тек има своја астролошка вредност, која зависи од рдаијантите, односно соѕвездијата во кои се појавуваат метеори. Лиридискиот радијант е во соѕвездието Лира. Оваа констелација е поврзана со духовната и интелектуалната сфера. На овој ден ќе биде корисно да се занимавате со стекнување нови знаења и решавање на најважните и најитните проблеми. Голем успех ги очекува оние кои се занимаваат со креативна работа.

29 април – Меркур влегува во Близнаци

Ќе трае до 22 мај. Во овие три недели ќе биде можно радикално да го промените вашиот живот. Истото важи и за денот на транзицијата - последниот петок во април. Вреди да се спомене дека овој ден сепак ќе биде ден на моќ и покрај тоа што на 29 април Плутон ќе стане ретрограден. Тој нема да има доволно сила да го засени Меркур и да нѐ лиши од среќа. Од друга страна, овој ден и официјално ќе заврши најповолниот астролошки период во 2022 година без ретроградни планети.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе