5 најчести грешки кога правите пица дома

Пицата што ја подготвувате дома не е како онаа во ресторан, но тоа не значи дека не можете да ја подобрите и да ја направите повкусна.

Всушност, домашната пица не бара посебни состојки, доволно е само да се следат неколку правила.

За да направите вкусна пица како вистински кулинарски мајстори, треба да избегнете неколку вообичаени грешки при подготовката.

Премногу тенко го растегнувате тестото

Луѓето кои сакаат пица со тенка кора не треба премногу да го растегнуваат тестото. Тестото што е премногу тенко нема да биде доволно цврсто за да ги собере сосот, сирењето и другите состојки. Пожелно е тестото да се развлече со раце бидејќи ќе биде повкусно, но да не биде потенко од пет милиметри.

Премногу состојки на пицата

Пиците со тенка кора не може да имаат премногу состојки. Колку повеќе состојки додавате, толку повеќе го успорувате печењето. Ова може да доведе до нерамномерно печена пица со препечена или изгорена кора и недоволно зготвени додатоци. Затоа, ограничете ги состојките на пицата со тенка кора на два до три и малку кашкавал. За поголеми оброци направете пица со подебела кора.

Додадени состојки

Основните состојки како сос и кашкавал можете да ги ставите на пицата непосредно пред печењето, но некои состојки, како месо и одредени видови сиров зеленчук, треба да се подготват претходно. Иако пицата се пече на толку висока температура, времето за печење не е доволно долго за темелно да се свари цело месо или брокула.

Не ги подготвувате каменот за пица или плехот за печење

За да добиете пица со крцкава кора, пред да ја ставите пицата во плехот или на каменот, треба да ги подготвите. За совршена кора со крцкаво дно, клучно е претходно загревање или подготовка. Кога користите плех за пица или камен, загрејте ги во загреана рерна најмалку 20 минути.

Ниска температура на печење

Ако ја направите пицата на ниска температура, ќе добиете пица со влажна кора и преварени состојки. За добра пица потребна е топла рерна, а пожелно е да се загрее на минимум 250 степени Целзиусови. Така побрзо ќе ја испечете пицата, давајќи ѝ златна кора која е крцкава однадвор, но сепак мека во средината.

реклама

Посен ролат со спанаќ за Свети Никола

Read more

Гатузо го исполни ветувањето и по 22 години ја избричи брадата во Сплит

Read more

Од Звезда урлаат по судијата за кражбата против Милан: Ова беше вооружен грабеж

Read more

Кит изведе епска миграција од 13.000 километри

Read more

Рецепти

Посен ролат со спанаќ за Свети Никола

Read more

За Свети Никола: Чоколадни сникерс урми за посната трпеза

Read more

За новогодишната трпеза: Специјалитет говедско Велингтон

Read more

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Read more
 

Магазин

Четири особини што ги наследуваме од нашите родители

Читај повеќе

Најважниот елемент на секоја успешна врска

Читај повеќе
  • play_arrow

Посен ролат со спанаќ за Свети Никола

Читај повеќе

Дали е здраво да се пие вода наутро веднаш по будењето?

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои влегуваат во моќна ера на 11 декември 2024 година

Читај повеќе

СЗО: Генитален херпес имаат 20% од луѓето на возраст од 15 до 49 години

Читај повеќе
  • filter

Наследничката на Адријана Лима ја засени со новите секси фотки

Читај повеќе

Евтина храна што помага во намалување на холестеролот

Читај повеќе

Онколог советува што да јадеме за превенција од рак

Читај повеќе