Како што на лето поради високите температури морате да внимавате што оставате во својот автомобил, истата ситуација е и на зима.
Постојат некои работи кои не поднесуваат многу ладни температури и кои никако не треба да ги оставате во паркираниот автомобил, ако тој не се наоѓа во гаража во која температурата не се спушта под нулата.
Уреди
Вашите омилени уреди како мобилен телефон, таблет или лаптоп никако не ги оставајте во автомобилот, ако температурата паѓа под нула степени Целзиусови.
Батериите кои се наоѓаат во таквите уреди веднаш ќе се оштетат, ако долг временски период се изложени на температури под нулата или над 33 степени Целзиусови.
Газирани пијалаци
Ладни температури и карбонизација не одат заедно, а ако не верувате пробајте да замрзнете Кока кола и пробајте ја откако ќе замрзне.
Лекови
Лековите секогаш треба да се чуваат на температура од 14 до 30 степени Целзиусови, а доколку ги чувате на пониски или повисоки температури, тие можат да ја изгубат ефикасноста.
Дрвени предмети
Не оставајте дрвени музички инструменти, парчиња мебел и слични дрвени работи во својот автомобил, бидејќи при ниски температури и сув воздух можат трајно да се оштетат.
Конзервирана храна
Една од предностите на конзервираната храна е долготрајниот век, но тоа не значи дека ги поднесува сите температури.
Алуминиумските конзерви може да се консумираат единствено ако се чуваат на температури над 10 степени Целзиусови.