5 работи кои пандемијата ги промени во нашите животи

Пандемијата промени многу работи во секојдневието на нашите животи и донесе нови правила. Како се одрази на нашиот приватен живот и на работата?

Работењето од дома стана нормална работа

За професиите и фирмите за кои е изводливо, повеќето вработени ги заменија своите канцеларии со својот дом, а деловните процеси се префрлија онлајн. Состаноците почнаа да се одржуваат преку Zoom, Skype и други алатки за онлајн комуникација. Иако поголемиот број од вработените се вратија на своите работни места, голем број фирми одлучија и понатаму да продолжат со работа од дома.

Се промени начинот на кој купуваме

Иако трговските центри и продавниците ги отворија своите врати, процесот на купување има нови правила и задолжително е носење на маски, дезинфицирање на рацете при влез и одржување растојание. Бизнисите од секторот трговија сфатија дека треба да функционираат и како онлајн продавници, а многу луѓе кои претходно не го правеле тоа, почнаа да купуваат онлајн.

Дружењето се префрли онлајн

Можеби најголемиот предизвик за време на пандемијата беше одржувањето на физичкото дистанцирање да не се претвори и во друштвено дистанцирање, туку да се одржат контактите со роднините и пријателите. Во ова, помогнаа технологијата и друштвените мрежи.

Слободното време почнавме повеќе да го поминуваме во природата

Поради физичкото дистанцирање и избегнување на дружење со поголеми групи луѓе, викендите и слободното време почнавме да го поминуваме повеќе во природа, рекреирајќи се и истражувајќи нови места. Седењето на кафе и во кафани го заменивме со долги прошетки, возење на велосипед и останати физички активности. Многу од нас го заменија јавниот превоз со велосипед.

Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Фото: Дарко Лазаревски / Кајгана
Грижа за сопственото здравје и своите најблиски

Пандемијата не потсети и колку е важна грижата за сопственото здравје и колку е важна едноставната хигиена на рацете. Нè освести и дека на постарите им треба наша помош и дека со нашето одговорно однесување можеме да го сочуваме и нивното здравје.

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе