6 април 1909, Роберт Пири прв стигнал до Северниот Пол
Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигнал прв на Северниот Пол и се смета за негов откривач.
Пири патувал со екипа која броела 23 луѓе, но на Северниот Пол стигнал само со Метју Хенсон и четворица Инуити (Оота, Сеегло, Егингуа и Оокуе). Експедицијата стигнала на Северниот Пол за 36 дена и 18 часа тргнувајќи од островот Елсмир во Канада.
Пири го истражувал и најсеверниот дел на Гренланд кој во негова чест е наречен Пириева Земја, а напишал и неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до Полот“, „Северниот Пол“ и „Тајните на поларните патувања“.