6 работи кои дебелеат, а не се храна

Ф.З.
/ 21.11.2024 / 15:24

Дебелината е еден од најголемите проблеми на денешницата, но не е предизвикана само од недостаток на физичка активност и прекумерно внесување калории. Секако, лошиот избор на храна, особено премногу шеќер и засладувачи и недостатокот на вежбање се главните делови од сложувалката.

Сепак, истражувањата покажуваат дека зголемувањето на индустриските хемикалии во животната средина е речиси подеднакво одговорно за зголемениот број случаи на дебелина кај жените.

Исто така, истражувањата покажуваат дека изложеноста на одредени хемикалии кои го попречуваат нормалното функционирање на ендокрините жлезди може да влијае на појавата на зголемување на телесната тежина, дијабетес и слични проблеми.

Пестициди

Факти: Дури и малите дози можат да влијаат на функцијата на хормоните. Забранетите органохлорни пестициди кои опстојуваат во синџирот на исхрана, како што е ДДТ (дихлоро-дифенил-трихлороетан), се поврзани со дебелината, заедно со органофосфорните пестициди и карбамати (вторите содржани во некои инсектициди).

Пестицидите се создадени со цел да се мешаат во хормоналните функции на инсектите. За жал, истите хемикалии кои влијаат на инсектите влијаат и на нас.

Како да ги избегнете? Спасот во органската храна! Истражувањата покажуваат дека доволно е само 5 дена да се консумира органска храна за да се исчисти телото од пестициди.

Ако дебелината не е доволно добра причина да се јаде органско, тогаш имајте на ум дека други пестициди се поврзани со одредени видови на рак, АДХД, аутизам, Паркинсонова болест и други здравствени проблеми.

Бисфенол А (БПА)

Факти: Истражувањата покажуваат дека БПА има способност да ја забрза диференцијацијата на масните клетки, да го наруши функционирањето на панкреасот и да предизвика отпорност на инсулин, што доведува до проблеми со дебелината.

Дополнително, изложеноста на бисфенол А е поврзана со проблеми во невролошкиот развој, како и со репродуктивни проблеми, вклучително и машка неплодност.

Како да го избегнете? Изберете храна што се продава свежа, замрзната или во стаклени тегли - повеќето конзервирана храна содржи различни нивоа на БПА.

Производи за лична нега

Факти: Фталатите и хемикалиите кои ја нарушуваат работата на хормоните се поврзани со дебелината и се сеприсутни во индустријата за лична нега, особено поради употребата на хемикалии во синтетичките мирисни производи. Истражувањето од 2010 година покажува дека децата со повисоко ниво на фталати во нивните тела имаат побавен раст и развој.

Како да ги избегнете? Избегнувајте употреба на производи за лична нега чии состојки содржат „мирис“ или „парфем“ и задолжително избегнувајте употреба на освежувачи на воздух и миризливи свеќи. Веројатно во својот состав содржат одредена количина на фталати и други опасни материи.

Винил

Факти: Хемикалии во пластиката од винил хлорид се нарекуваат органотини и се силно поврзани со дебелината. ПВЦ пластиката (како што се цевките), винилниот под и другите производи содржат дибултинтин, уште еден органотин. Покрај тоа, винилот содржи одредени фталати.

Како да го избегнете? Избегнувајте користење на винилни производи, вклучувајќи подни облоги, ролетни, чанти и паричници и завеси за туш и практикувајте ефективно чистење - ПВЦ се распаѓа и може да се најде и во прашината што се акумулира во вашиот дом.

Тефлон

Факти: Перфлуорооктанската киселина (ПФОА) е поврзана со дебелината. ПФОА (која е попозната како тефлон) се користи во производството на садови за готвење, како и во производството на мебел отпорен на дамки, обвивки за храна отпорни на маснотии, кеси за пуканки во микробранова печка и водоотпорни материјали.

Како да го избегнете? Ако веќе имате тефлонски садови, не паничете. Но, штом ќе видите гребнатини, веднаш заменете ги садовите со поздрави сорти.

Никотин

Факти: Бебињата изложени на чад од тутун додека сѐ уште се во утробата имаат многу висок ризик да се родат предвреме, а истражувањата покажуваат дека истите тие бебиња се соочуваат со зголемен ризик од дебелина како што стареат.

Никотинот (или никотинот во комбинација со други компоненти на чадот од тутун) може да влијае на метаболичкиот систем на детето (научниците сè уште не се сигурни како функционира овој механизам).

Како да го избегнете? Ако сте бремени, не пушете и потрудете се да избегнете „допир“ со чад од тутун.

Тагови
реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Фит

Криза на „машкоста“: Како инфлуенсерите „дебело“ заработуваат лажејќи ги младите мажи?

Read more

Што треба да јадете наутро за да го топите салото побрзо?

Read more

Како да се кренете од кауч во деновите кога немате мотивација за вежбање?

Read more

Колку време треба да поминете во теретана за да станете посилни?

Read more
 

Магазин

Стресот на родителите влијае на децата: Како да ги заштитите?

Читај повеќе

Колку пати на ден треба да мокрите според вашата возраст?

Читај повеќе

Како да бидете помалку зависни од мобилниот телефон?

Читај повеќе

Извршниот директор на LinkedIn споделува кој е најлошиот совет за кариерата што го слушаме цел живот

Читај повеќе

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Читај повеќе

Во кој дел од денот треба да вежбате за намалување на шеќерот во крвта?

Читај повеќе
  • filter

Од неолит до зелени градови: Набиената земја се враќа како материјал на иднината

Читај повеќе

Што треба да јадете ако имате висок холестерол?

Читај повеќе

Како до совршени колбаси благодарение на еден чекор?

Читај повеќе