7 јули 2007, избрани биле новите 7 светски чуда
На денешен ден, 7 јули, во 2007 година, на свеченост одржана на „Да Луж“ стадионот на фудбалскиот клуб Бенфика во Лисабон, Португалија, биле прогласени новите 7 светски чуда.
Акцијата почнала во 2000 година на иницијатива на Канаѓанецот Бернард Вебер преку фондацијата New7Wonders со седиште во Цирих, Швајцарија. Преку интернет и телефон гласале около 100 милиони луѓе ширум светот кои бирале од 200 предлози. Резултатите ги дале седумте победници (наредени хронолошки):
Големиот ѕид (Кина) од 700 година п.н.е.
Петра (Јордан) од 312 година п.н.е.
Колосеум (Рим) од 80 година
Чичен Ица (Мексико) од 600 година
Мачу Пикчу (Перу) од 1450 година
Таџ Махал (Индија) од 1643 година
Христос Спасителот (Бразил) од 1931 година
Кеопсовата пирамида во Гиза, Египет, е единственото чудо кое постои и денес, а е дел од оригиналната листа на светски чуда од античко време. Таа во 2007 добила посебен статус на новата листа.
УНЕСКО не се согласил со изборот инсистирајќи дека таков избор не треба да се прави со јавно гласање.