7 јуни 1940, роден е пејачот Том Џонс
На денешен ден, 7 јуни, во 1940 година е роден светски познатиот британски пејач сер Том Џонс.
Џонс е познат по хитовите It's Not Unusual, What's New Pussycat, Green, Green Grass of Home, Delilah, She's a Lady, Kiss и Sex Bomb, меѓу многуте.
Во пресрет на неговиот роденден, суперѕвездата се потсети на успешната кариера и живот.
„Уште многу години сакам да продолжам да пеам. Можеби некогаш ќе се појави уште една ‘Секс бомба’. Не ја исклучувам и таа можност“, рече пејачот.
Во новиот документарен филм „Музичкиот пат на Сер Томас“, што се емитуваше на „Радио 2“, тој зборуваше за тоа како неговиот прв хит It's Not Unusual од далечната 1965 година бил пресвртница во неговиот живот. Оттогаш, тој имаше исклучително успешна кариера, продавајќи повеќе од 100 милиони плочи и издаде повеќе од 40 албуми.