7 работи кои можеби не сте ги знаеле за римските гладијатори

Народот ги обожавал, богатата елита ги презирала, но сепак, на римските гладијатори сите им се возхитувале.

Римските гладијатори околу 650 години уживале во почитта на публиката. Луѓе од сите краишта на царството доаѓале во арените да ги гледаат овие наоружани и обичени воини во крвав спектакл. Арените биле сурова сцена каде воините преку своите борби влегле во приказните и легендите и со тоа станале бесмртни.

1. Жените се бореле како гладијаторки

Гладијаторките биле жени кои се бореле во арените низ античкиот Рим и претежно биле робинки. Сепак, имало и такви кои волонтирале. Иако била ретка појава, тие навистина постоеле, а докази за тоа има и во археологијата и во литературата. Во литературата, најмногу се споменуваат гладијаторски борби во кои учествувале жени, а кои биле организирани од Домицијан. Тој сакал да гледа борби меѓу гладијаторки и џуџиња, а врз основа на зачуваните слики и мозаици од тоа време, може да се заклучи дека гладијаторките се бореле со голи гради и ретко носеле шлемови.

Ноќта била наменета за борби со градиторки, бидејќи тие борби биле ретки и имале големо значење. Облечени како Амазонки, ја забавувале публиката на трибините сè додека во 3 век не ги забранил римскиот император Септимиј Север.

2. Не секогаш биле робови

Не сите гладијатори биле несени во арените во синџири. Иако повеќето биле робови кои извршиле грозоморни злосторства, откриени се натписи кои покажуваат дека од 1 век п.н.е. демографската структура на гладијаторите значително се сменила. Возбудата од битката и татнежот од толпата станале привлечни за слободните луѓе кои доброволно се вклучувале во борбите, сонувајќи за слава и голема парична награда. Најчесто такви примери биле поранешни војници вешти во борба, но некои припаѓале и на повисоката класа.

3. Гладијаторските игри првично биле дел од погребни церемонии

Многу антички хроничари ги опишале гладијаторските борби како дел од ритуал што се изведувал на погребите на богатите благородници. Кога ќе умирел некој познат аристократ, семејствата ангажирале робови и осуденици кои се бореле едни со други до смрт. Воедно, се пееле и мрачни химни за доблестите што го краселе покојникот. Според Тертулијан и Фестиј, Римјаните верувале дека човековата крв помага да се очисти душата на починатиот. Овие игри биле еден вид замена за човечка жртва.

Подоцна беа популаризирани и до крајот на 1 век п.н.е. станале составен дел од спектакуларната забава во Римската Империја. Стотици илјади луѓе биле испратени на смрт во амфитеатрите на антички Рим, или се бореле едни против други или биле принудени да доживеат напади на диви животни.

4. Не секогаш се бореле до смрт

Холивудските филмови и телевизиски емисии честопати ни прикажуваат крвави гладијаторски борби, како борбата до смрт. Сепак, борбите се одвивале според строго пропишани правила. При изборот на двајцата воини, се водело строго внимание тие да имаат слична градба и искуство. Исто така, судија проверувал дали ги почитуваат правилата на борба. Тој честопати ја прекинувал борбата ако некој од учесниците бил сериозно ранет. Борбата завршувала со егал доколку на публиката ѝ било здодевно, а во ретки случаи учесниците чесно ја напуштале арената со воодушевување од публиката која била благодарна на возбудливото шоу.

Бидејќи тренери вложувале многу во гладијаторите, тие не сакале да гледаат како умираат во римските амфитеатри. Поради тоа, ги обучувале како да го ранат противникот без да го убијат.

Сепак, животот на гладијаторите бил брутален и краток.

5. Имало повеќе видови гладијатори

Првично, од гладијаторите се очекувало да се борат во облеката на народот на кој му припаѓале, а подоцна добивале посебни ознаки. Игрите со гладијатори еволуирале од борба на смрт до организиран спорт кој имал свои правила. Борците биле класифицирани во класи засновани врз искуството и се специјализирале во одреден стил на борба и вид на оружје. Најпопуларни беа мурмилоните и трексите кои се бореле со мечеви и штитови, но имало и еквитали кои на коњи влегувале во арените, како и димакери кои се бореле со два меча. Есадерите се бореле со кочии во стилот на британските Келти, а се претпоставува дека ги вовел Јулие Цезар по инвазијата на Британија.

Од сите видови гладијатори, можеби најнеобична беше класата ретари, кои од оружје имале само мрежа и штитник на левото рамо. Овие воини имале тактика да го збунат противникот фрлајќи му мрежа пред борбата со цел да го разоружаат. Доколку обидот бил неуспешен, останувале без оружје и со мали шанси за победа.

6. Неколку римски императори учествувале во гладијаторски битки

Римските императори честопати ја освојувале љубовта на својот народ со организирање на суриви гладијаторски борби во амфитеатрите. Неколкумина од нив учествувале во овие битки со цел да ги покажат своите воени вештини под строго контролирани услови и со тапи мечеви. Инператорите се бореле со неискусни борци или со слабо вооружени луѓе од публиката. Најпознат од нив е секако римскиот император Калигула кој потрошил огромни средства за организирање вакви претстави.

7. Имале масни наслаги околу стомакот

Многу римски гладијатори биле обучувани на истоштеност - трпеливо, упорно и доследно. Нивната диета била богата со јаглехидрати и имале масни наслаги околу стомакот. Оваа тактика имала практична цел затоа што им помагала да ги заштитат виталните органи од повреди.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Чек дис аут

Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Се бараат доброволци за експеримент: За 60 дена ќе добијат 18.000 евра

Read more

Бегал од часови по глума

Read more
 

Магазин

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Читај повеќе

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Читај повеќе

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе