7 септември, среќен роденден Дарко Панчев
На денешен ден пред точно 59 години е родена легендата на југословенскиот и македонскиот фудбал, Златната копачка на Европа за 1992 година, незаборавниот Дарко Панчев.
Роден во Скопје, Панчев кариерата ја почнал во младинските категории на Вардар, клубот кој го лансираше во сениорскиот фудбал и за кој на 151 натпревар постигна 84 голови, а во сезоната 1986/1987 му ја донесе и единствената титула шампион на Југославија.
Во 1988 година замина во белградска Црвена звезда каде што потоа испише историја. Трипати по ред ја освои југословенската лига и беше најдобар стрелец, а во сезоната 1990/1991 го постигне решавачкиот пенал во финалето од Купот на европските шампиони против Олимпик Марсеј. Истата сезона со 34 голови стана најдобар стрелец во Европа, но наградата ја прими дури во 2006. Потоа го освои и Интерконтиненталниот куп давајќи му гол и на чилеански Коло-Коло.
Од Звезда во 1992 се пресели во Интер, трансфер кој му ја турне кариерата во надолна линија. Кратко играше за Лајпциг, па Фортуна од Диселдорф, а се пензионираше во 1997 во дресот на швајцарски Сион.
За репрезентацијата на Јусославија настапи на 27 натпревари и постигна 17 голови, вклучувајќи и 2 на Мундијалот 1990 во Италија. По независноста, беше прв капитен на Македонија за која настапи на 6 натпревари и постигна еден гол, на овој прв историски натпревар против Словенија во Крањ.