7 совети од Ернест Хемингвеј како да бидете подобар писател

Ернест Хемингвеј е еден од писателите познати како припадници на „изгубената генерација“.

Ернест Хемингвеј (1899–1961) бил американски романописец, раскажувач и новинар. Неговиот економичен и дискретен стил - што тој го нарекол „теорија на санта мраз“ - имал силно влијание врз фикцијата во 20 век. Многу од неговите дела се сметаат за класици на американската книжевност.

Хемингвеј најголемиот дел од своите дела ги создал од средината на 20-тите до средината на 50-тите. Објавил седум романи, шест збирки раскази и две нефикциски дела.

Постхумно биле објавени три негови романи, четири збирки раскази и три нефикциски дела.

Покрај романите, слава и успех доживеал и со кратките раскази за кои придонел да се зацврстат како полноважен жанр. Во нив применува економичност во изразот - со малку средства да раскаже сугестивна и емотивно обоена приказна. Централна опсесија во неговите раскази и романи се машкоста и смртта, често поврзани со коридата која ја обожавал. Во 1953 година, Хемингвеј ја добил Пулицеровата награда, а една година подоцна и Нобеловата награда.

Пишувањето не е лесна работа, дури и со неоспорен талент. Неповторливиот Хемингвеј има кажано дека најмалку педесет пати одново пишувал делови од својот легендарен роман A Farewell to Arms.

„Првата верзија на што било е срање“, рекол тој, според мемоарите на Арнолд Семјуелсон, With Hemingway: A Year in Key West in Cuba.

Семјуелсон (22) помина една година со Хемингвеј во Ки Вест со намера да научи како да пишува. Младиот човек ефективно станал единствениот познат штитеник на Хемингвеј. Кога го прашал Хемингвеј како писателот може да знае дали има некаков талент, добил неверојатен, но искрен одговор од неговиот ментор.

„Нема како да знаеш. Понекогаш може да продолжиш да пишуваш со години пред да се покаже. Ако човек го има во себе, некогаш ќе излезе. Единственото нешто што можам да те советувам е да продолжиш да пишувате, но тешко е. Единствената причина поради која заработувам пари од тоа е дека сум еден вид книжевен пират. Од секои десет приказни што ги пишувам, само една е добра, а другите девет ги фрлам.

Хемингвеј му рекол на Семјуелсон дека пишувањето бара ригорозна дисциплина, без која успехот останува неостварлив. Но, дел од таа дисциплина е да се знае кога да се прекине со пишување.

Ова се славните седум совети на Хемингвеј за тоа како да бидете подобар писател:

1. За да почнете, напишете една вистинска реченица

Понекогаш кога почнував нова приказна и не ми одеше работата, седнував пред огнот и ја стискав кората од малите портокали во работ на пламенот и гледав како правеа син млаз. Стоев и гледав над покривите на Париз и мислев: „Не грижи се. Си пишувал претходно и ќе пишуваш пак“.

2 Секогаш прекинете со пишување за тој ден додека сè уште знаете што ќе се случи следно

Најдобар начин е секогаш да прекинете кога ви оди добро и кога знаете што ќе се случи следно. Ако го правите тоа секој ден кога пишувате роман, никогаш нема да заглавите.

3. Никогаш не размислувајте за приказната кога не работите

Веќе научив никогаш да не го празнам бунарот на моето пишување, туку секогаш да застанувам кога сè уште има нешто таму во длабокиот дел од бунарот и да го оставам да се полни ноќе од изворите што го хранеле.

4. Кога ќе дојде повторно време за работа, секогаш почнувајте со читање на она што сте го напишале дотогаш

Кога напишаното ќе стане толку долго што не можете да го правите тоа секој ден, прочитајте по две или три поглавја секој ден; потоа секоја недела читајте сè од почеток.

5. Не опишувајте емоција - создадете ја

Кога пишувате новинарски текст, раскажувавте што се случило и, со неколку трикови ја пренесувате емоцијата потпомогната од елементот на навременоста што дава одредена емоција на секоја приказна за нешто што се случило тој ден; но вистинската творба, редоследот на движењата и фактите што ја создадале емоцијата и што ќе биде валидна една година или десет години подоцна, или – ако имате среќа и сте го навеле тоа доволно јасно - секогаш, беше надвор од мене.

6. Користете молив

Ако пишувате со молив, добивате три различни глетки за да видите дали читателот го добива она што го сакате. Прво кога ќе го прочитате; потоа кога ќе се пишува на машина добивате уште една шанса да го подобрите, и пак уште еднаш при лекторирање.

7. Бидете кратки и јасни

Не случајно обраќањето кај Гетисбург (говорот на Абрахам Линколн за време на Американската граѓанска војна во 1863г.) беше толку кратко. Законите на прозното пишување се непроменливи како оние на летањето, математиката, физиката.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Книги

Ден Браун објави нов роман и откри: Повеќе не се плашам од смртта

Read more

Објавена „Македонистичко послание“ – нова книга од Кристина Николовска

Read more

Ден Браун најави нова книга од серијалот со Роберт Ленгдон

Read more

Исланѓанец 110 години ги лажел сонародниците за Дракула

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најглупавите мегапроекти во светот

Читај повеќе

Зошто треба да поминуваме повеќе време на дневна светлина?

Читај повеќе

Колку треба да спиете за да ви се опорават мускулите после вежбање?

Читај повеќе

Дали стана „кул“ да се биде трезен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Читај повеќе

Кои сѐ народи ја слават Старата нова година?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци нема да имаат финансиски грижи почнувајќи од 2026 година?

Читај повеќе

Како да проверите дали медот што го купувате е навистина вистински?

Читај повеќе
  • play_arrow

Една топла нијанса ќе ги освои ентериерите во 2026 година, следејќи ги модните брендови

Читај повеќе