72 новозаболени од COVID -19, притисок во болниците засега нема

Скопје, 2 август 2021 (МИА) – Повторно висок број на новодијагностицирани лица со COVID -19 е регистриран во текот на вчерашниот ден.

Најголем дел од новите 72 случаи се бележат во Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема.

И покрај тоа што е сега прилично мирно, министерот за здравство Венко Филипче завчера оцени оти е можно овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, но вели дека будно ја следат состојбата.

Во зависност од моменталната состојба, здравствените власти ќе разговараат и за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

Вкупно во земјава од почетокот на епидемијата се регистрирани 156.452 ковид-дијагностицирани лица, бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Здравствените власти интензивно ги пратат и анализираат препораките во однос на вакцинацијата. Можните сценарија според Филипче се да има препорака за трета доза на вакцини или вакцината да стане сезонска. Но, повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, вчера од Берово информира дека досега се вакцинирани 59 проценти од вработените во градинките во државата, а тенденцијата е таа бројка да биде уште поголема.

– Работата на градинката не престанала иако се наоѓаме на средина на годишните одмори. Во изминатиот период сериозно се пристапи кон процесот на вакцинирање за што говори и самата бројка на вакцинирани од 59 процентен одзив. Ги повикувам и останатите 41 проценти од вработените да се довакцинираат за да може да биде обезбеден престојот на децата во градинките, рече Шахпаска.

Во моментот како што додаде побарано е од Комисијата за заразни болести да се зголеми бројот на групите на деца кои посетуваат градинка. Министерката посочи дека доколку дозволи епидемиолошката состојба може да се очекува во најскоро време градинките да работат со полн капацитет.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе