8 септември 1504, јавноста прв пат го видела Давид
Едно од најпознати уметнички ремек дела во светот, статуата Давид на Микеланџело, за прв пат била откриена пред јавноста на Пјаца дела Сињориа во Фиренца.
Изделкан од единствено парче бел италијански карара мермер, кое останатите скулптори го избегнувале со изговор дека е фалично, масивната статуа висока 5,17 метри и тешка речиси 6 тона го претставува голиот библиски лик Давид, убиецот на џинот Голијат.
Делото било нарачано во 1501 година од Опера дел Дуомо за фирентинската катедрала, а на Микеланџело Буонароти му биле потребни околу три години за да го направи. Оригиналниот план бил Давид заедно други статуи да биде поставен на кровот на катедралата. Микеланџело имал само 26 години кога се нафатил на работата.
Откако била завршена, комитетот за уметнички дела на катедралата, кој ги вклучувал и Леонардо да Винчи и Сандро Ботичели, одлучил дека статуата треба да биде поставена на многу по видно место, па така завршила на Пјаца дела Сињориа. Во 1873 година, со цел да се заштити од оштетувања, Давид бил преместен внатре во Галериа дел'Академиа. Денес на оригиналното место пред Палацо Уфици стои верна реплика.