9 мај 1946, почнал да се слави Денот на победата
Една година по капитулацијата на нацистичка Германија во Советскиот Сојуз почнал да се одбележува Денот на победата, ден кој денес дел од Европа го нарекува Ден на Европа.
Германија всушност капитулирала вечерта на 8 мај, но веќе било 9-ти по московско време, па оттаму и датумот. Од 1946 до 1950 година прославата почнала со одбележување во неколку советски републики, а прв пат бил неработен ден од 1963 година и тоа во Украина, каде денес не е. Во Русија станал неработен ден во 1965 година.
Прв пат парада по повод победата над фашизмот се одржала на 24 јуни 1945 година во Москва, а од наредната година е на 9 мај.
Денес, покрај во Русија, Денот на победата е неработен ден и во Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Израел, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Узбекистан и Црна Гора, додека во Србија, Туркменистан и Украина се празнува, но е работен ден.
Порано овој ден се одбележувал и во Бугарија, Романија, Латвија, Монголија, како и во веќе непостоечките Чехословачка, Источна Германија и Југославија. Во Југославија парада се одржувала на „Булевар Револуције“ (денес „Булевар краља Александра“) во Белград од 1965 до 1985 година, со исклучок на 1980 поради смртта на Тито.
Традиционално, најголемата прослава со голема парада денеска се одржува во Москва.