9 септември 1776, Соединетите Колонии станале САД
На денешен ден Континенталниот Конгрес формално го објавил името на новата држава која почнала да се вика Соединети Држави наместо дотогашното име Соединети Колонии.
„Во сите континентални комисии, и други инструменти каде се употребуваат зборовите Соединети Колонии, стилот ќе се смени за во иднина да гласи Соединети Држави“, стои во декларацијата,
Резолуцијата која довела до промена на името била поднесена од страна на Ричард Хенри Ли кој во Конгресот ја презентирал на 7 јуни истата година, а била одобрена на 2 јули. Иако во тоа време оваа промена се сметала за многу поголема отколку Декларацијата за независност објавена два дена подоцна од Томас Џеферсон, денес 4 јули се празнува далеку повеќе отколку речиси незабележителниот 9 септември.
Тоа значи дека иако независноста била прогласена на 2 јули 1776, САД во наредните два месеца сепак официјално се викале Соединети Колонии.