900 гола: За кои тимови заби Роналдо во богатата кариера?

Кристијано Роналдо одлично го искористи аутот на Нуно Мендеш и го зголеми водството на Португалија против Хрватска во 34. минута од првото коло од групата 1 од Лигата А на Лигата на нации.

Натпреварот заврши со победа на домаќините во Лисабон од 2:1, а Роналдо ја искористи за да испиша историја постигнувајќи го својот 900. гол во кариерата.

Постигнатиот гол беше негов 131. во репрезентативниот дрес, а погоди и за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и неговиот сегашен клуб Ал Наср. Колку долго игра на највисоко ниво најдобро зборува податокот дека некој роден кога Роналдо го постигнал својот прв гол сега има 21 година.

Пеле и Ромарио тврдеа дека постигнале повеќе од 1.000

Не постои база на податоци која со целосна точност би го открила најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, но со својот 800-ти гол во кариерата, Роналдо веќе беше најдобар стрелец на официјални натпревари од највисоко ниво. Бразилските легенди Пеле и Ромарио тврдеа дека постигнале повеќе од 1.000 гола, но оваа бројка се намалува на околу 700 ако се отстранат пријателските и натпреварите од пониската лига.

Најголемиот ривал во кариерата на Роналдо, Лионел Меси, постигна 867 голови.

„Се чини дека бројката од 900 гола е само пресвртница, но само јас и луѓето околу мене знаеме колку е тешко да се работи секој ден за да бидеш физички и психички способен да ја достигнеш таа бројка. Рекордите доаѓаат природно. Јас не рушам рекорди, тие ме бркаат мене“, изјави Роналдо.

Нешто слично напиша на Instagram во мај, кога го постави рекордот во првенството на Саудиска Арабија со 35 гола. „Јас не бркам рекорди, тие ме бркаат мене“, напиша тогаш тој.

Во интервјуто со неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд, тој призна: „Сакам да постигнам 1.000 голови. Немам повреди, тоа е најважно. Ја сакам таа бројка. Сите голови што ги постигнав се запишани“.

Головите на Роналдо за клубовите и репрезентацијата:

Реал Мадрид: 450 гола на 438 натпревари

Манчестер Јунајтед: 145 гола на 346 натпревари

Португалија: 131 гол на 213 натпревари

Јувентус: 101 гол на 134 натпревари

Ал Наср: 68 гола во 62 натпревари

Спортинг: 5 гола на 31 натпревар.

реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе