99 отсто е сигурно дека Ким Џонг Ун е мртов, тврди севернокорејски бегалец

Шпекулациите околу смртта на севернокорејскиот лидер не стивнуваат. Најновата информација е од Ји Сонг Хо, кој побегнал од Северна Кореја и неодамна стана пратеник во јужнокорејскиот Парламент.

99 отсто е сигурно дека Ким Џонг Ун е мртов, тврди тој.

Ји нагласи дека е информиран оти Ким починал пред една недела и дека можно е Пјонгјанг да ја објави веста во текот на овој викенд.

Според него, можно е истовремено да биде соопштено дека за наследник на Ким ќе биде избрана неговата сестра Ким Јо Џонг.

Тој прецизираше дека е известен оти Ким починал минатиот викенд поради компликации по операција на срцето, пишува лондонскиот весник Mirror.

Ким не се појави во јавност од 11 април, кога претседаваше со состанокот на Политбирото на владејачката работничка партија.

Шпекулациите за неговото здравје и за тоа каде се наоѓа се зголемени откако не присуствуваше на прославата по повод роденденот на Ким Ил Сунг на 15 април, кој е најважен државен празник.

Светските медиуми оттогаш пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е влошена, а повеќето шпекулираат и дека тој починал.

Светските медиуми пишуваат дека врз него е извршена операција на срцето, по која тој се наоѓа во „вегетативна состојба“, но тие информации не се официјално потврдени.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе