А1 Македонија го усоврши „Славчо” - четбот базиран на вештачка интелегенција

А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција -  „Славчо”, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.

„Четботот ‘Славчо’ е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт Центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услуги. Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 - интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.

Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и Facebook Messenger

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе