Адел ја закити насловната на Vogue и проговори за трансформацијата

Откако се повлече од јавноста на нешто подолго од две години, Адел се враќа на сцената најавувајќи го албумот „30” и говори за трансформацијата низ која помина во последниот период. За разводот, слабеењето и учењето како повторно да се сака себе си.

Адел ја шокираше јавноста кога пред неколку месеци покажа огромна физичка трансформација. Истовремено предизвика и лавина реакции и претпоставки како успеала да направи толку голема промена и што планира во иднина. Кратко после тоа, откри дека е во врска со кошаркарскиот агент Ричард Пол, со кој почнала да се гледа неколку месеци по разводот. 

Во интервјуто за британското издание на Vogue, Адел открива дека вежба во теретана веќе три години и дека прогресот не секогаш бил линеарен: „Во теретана почнав да одам бидејќи на тоа место почнав да се ослободувам од анксиозноста на здрав начин. Тоа е време за мене, место каде можам да го исфрлам целиот стрес. Мојата цел никогаш не беше да изгубам килограми, сакав да се доведам во ред физички, за во тој процес да научам како поздраво да работам на својата психа и емоциите”.

Свесна е дека нејзината драстична физичка трансформација привлекла големо внимание во јавноста, но тоа не ја изненадило: „Моето тело отсекогаш беше една од главните теми во медиумите. Но, би сакала луѓето да сфатат дека и покрај физичката трансформација останав истата јас. Ме повредија коментари од други жени за моето тело, бев многу разочарана од тоа што го слушнав и прочитав”.

Вели дека повеќето приказни за нејзиниот љубовен живот се апсолутни измислици, а дека со Ричард се чувствува сигурно и дека нема ни траг од анксиозноста која ја имала порано.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе